Аргентинскиот пливач Матијас Дијас Хернандес победник на 35. Охридски пливачки маратон што денес се одржа во водите на Охридското Езеро. Тој патеката „Климе Савин“ од Св. Наум до Охрид ја мина за време од 5 часа, 50 минути, 30 секунди и 5 стотинки.
„Трката беше многу тешка, бидејќи водата беше студена и имаше бранови. Многу сум среќен што победив, рече Хернандес
Второпласиран на целта пристигна Франческо Гетини од Италија, а трет беше Евгениј Поп Ацев. Веднаш зад него се пласираше и вториот учесник од нашата земја, Александар Илиевски.