Top Sport

Арловски го предизвика Тајсон: Една рунда ММА, една рунда бокс

Поранешниот УФЦ шампион во тешка категорија, Андреј Арловски вели дека тој е совршен противник за Мајк Тајсон и неговиот камбек, велејќи дека е подготвен да се бори со својот херој од детството во „мешана“ ММА-бокс пресметка.

41-годишниот Белорусин, кој е УФЦ фајтер речиси 20 години, признава дека е импресиониран од физичката форма на 53-годишниот Тајсон, и признава дека му бил херој додека растел.

„Тајсон е легенда! Имав постери од него во мојата соба. Искрено, иако има 53 години не сум подготвен за целосен боксерски меч со него. Една рунда бокс, една рунда ММА, така би можел и тоа би ми претставувало чест“, вели Арловски за „Спорт.ру“.

Тој тврди дека имал договор за меч со Владимир Кличко по победата на Украинецот над Александер Поветкин во Москва во 2013 година.

„Имаше идеја да имам 10 брзи мечеви и потоа пресметка со Кличко. Но, потоа имав здравствени проблеми, а тука беше и нокаутот од Федор Емелианенко“, вели Арловски.

Пореално, во УФЦ октагонот, Арловски вели дека сака пресметка со Жаирзињо Розенстрајк и Алистар Оверим.

Scroll to Top