Французинот Артур Фис и Американката Коко Гоф, ги освоија титулите во поединечна конкуренција на Мастерсот во Синсинати.
Во машка конкуренција, во изминатите три години турнирот го освојуваа Ѓоковиќ, Алкараз и Надал. Фис, со најголемиот успех во кариерата им се приклучи на великаните.
Францускиот тенисер, во финалето го победи Американецот Френсис Тијафо со 6:3, 1:6, 6:0. Ова беше првото финале во историјата на Мастерс турнирите во кое играа двајца црномурести тенисери.
Фис е вториот Французин со титула во Синсинати, претходно тоа му успеа на Ги Форже, кога во 1991 година го победи Пит Сампрас.
Кај дамите, Коко Гоф убедливо го доби финалето против сонародничката, Џесика Пегула.
Гоф славеше со 6:2, 6:4 и по 2023 година, повторно го освои Мастерсот во Охајо.
Ова беше првото сеамериканско финале во Синсинати од 1970 година, а за Гоф ова е првиот трофеј во сезоната.
Коко Гоф им се придружи на Серена Вилијамс и Викторија Азаренка во групата тенисерки со две титули во Синсинати.
Foto/ EPA
