Top Sport

Асафа Пауел замина во пензија

Асафа Пауел, еден од најбрзите атлетичари на сите времиња, објави крај на кариерата.
Тоа го направи токму на неговиот 40-ти роденден.

Најавата на Пауел дека повеќе нема да се натпреварува не е изненадување со оглед на неговата возраст. Последен пат Пауел беше на патеката минатата година.

Спринтерот од Јамајка истрча за помалку од десет секунди на 97 трки на 100 метри, што го прави апсолутен најдобар во историјата.

Тој беше и последниот светски рекордер во оваа спринтерска дисциплина пред појавата на неговиот славен сонародник Усеин Болт.

Неговото најдобро време е 9,74 секунди, што беше светски рекорд до Олимпијадата во Пекинг во 2008 година.

Тогаш Болт го победи со резултат 9,72.

Пауел никогаш во кариерата не освоил олимписко злато во поединечна конкуренција, но го освоил во штафетата.

Има две бронзени медали на Светските првенства на 100 метри, во 2007 и 2009 година.

Scroll to Top