Top Sport

Ашер-Смит со титула на 200 метри, хаос на 110 со пречки и злато за Холовеј (видео)

Дајна Ашер-Смит ја искористи својата шанса и отсуството на повеќето фаворитки за победа, за да триумфира на трката на 200 метри и да стане првата Британка со спринтерска титула на СП или на Олимпијадите.

Ашер-Смит постави британски рекорд од 21.88 за победа пред Американката Британи Браун (22.22) и Швајцарката Муџинга Камбунџи (22.51). Ова е втор медал за Ашер-Смит на шампионатот, откако освои сребро на 100 метри зад незапирливата Шели-Ен Фрејзер-Смит.

Во интересната трка на 110 метри со пречки, Американецот Грент Холовеј ја освои својата прва голема титула, победувајќи со време од 13.10 пред Русинот (под неутрално знаме), Сергеј Шубенков.

Фаворит за златото беше актуелниот шампион Омар Меклеод, кој имаше одличен старт, но потоа турна две пречки и на крајот заврши како последен. Тој падна во патеката на шампионот од „Дијамантската лига“, Орландо Ортега, кој мораше да го оттурне и на крајот заврши како петти со 13.30. Јамајчанецот Меклеод потоа беше дисквалификуван, но тоа беше мала утеха за Ортега, кој сигурно ќе стигнеше до медал.

СП ВО АТЛЕТИКА, 6.ДЕН

110 МЕТРИ СО ПРЕЧКИ (М)

1.Грент Холовеј (САД) 13.10

2.Сергеј Шубенков (Рус) 13.15

3.Паскал Мартино-Лагард (Фра) 13.18

200 МЕТРИ (Ж)

1.Дајна Ашер-Смит (Бри) 21.88

2.Британи Браун (САД) 22.22

3.Муџинга Камбунџи (Шва) 22.51

ФРЛАЊЕ КЛАДИВО (М)

1.Павел Фајдек (Пол) 80.50 м

2.Квентин Бижо (Фра) 78.19 м

3.Бенце Халаз (Унг) 78.18 м

Scroll to Top