Најдобриот македонски атлетичар Андреас Трајковски остана без финале на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако покажал симптоми на Ковид-19. Неговиот ПЦР-тест е позитивен, а претходно кренал температура.
Трајковски требаше денеска да се натпреварува во скок во далечина, но сега останува во изолација, без шанса да се бори за медал на Медитеранските игри.
„Многу сум тажен заради настанатата ситуација, затоа што моја најголема цел за оваа сезона беше да освојам медал за Македонија на Медитеранските игри во Оран. Тренинзите се одвиваа според предвидената динамика до вчерашниот ден, бев во одлична форма, но за жал Господ имал други планови за мене. Ќе се вратам уште посилен после ова!“, изјави Андреас Трајковски.