Двојниот олимписки шампион и актуелен светски рекордер на 800 метри, атлетичарот Давид Рудиша, преживеал авионска несреќа изминатиот викенд. Тој и уште петмина патувале со авион „Цесна“ кој се урнал во националниот парк Амбосели во Кенија.
Рудиша вели дека имале огромна среќа и сите се спасиле, а за животите му благодарат на пилотот.
„Немаше никакви проблеми при летот, а потоа моторот одеднаш се стиши. Пилотот виде чист простор на кој се обиде да го спушти авионот, но едното крило удри во стебло и авионот започна да се врти во воздухот и падна на карпесто поле. Му благодариме на Господ што сите преживеавме и поминавме без потешки повреди. Само еден колега остана во болница. Пилотот беше фантастичен и мораме да му заблагодариме што сме живи“, изјави Кениецот.
800 meters World record holder David Rudisha survived a plane crash whilst flying from Oloitoktok in Kajiado after attending a community race to Amboseli national park.
The aircraft, a Cessna U206 Super Skywagon reg 5Y-BGJ was damaged in the incident. pic.twitter.com/b9M5sdsMoz— Îthê Wâ Wâmbuî 🇰🇪 (@ItheWaWambui) December 10, 2022