АТП и се извини на тениската и спортската јавност поради провокативниот настап на девојките, фотомодели, на ждрепката за премиерниот турнир „Следна генерација“.
Ждрепката која во неделата се одржа во Милано е оценета како „скандалозна“, бидејќи младите тенисери на модната писта се појавуваа во присуство на фотомодели, а девојките под облеката ги криеле ознаките „А“ и „Б“, кои означуваа во која група ќе играат тенисерите.
Младите тенисери, по сценарио, бирале девоки кои повеќе им се допаѓаат и со кои ќе излезат на пистата.
Некогашната шампионка на Вимблдон, Амели Морезмо, на „Твитер“ напишала: „Срамно“, а Џуди Мареј, мајката на Енди Мареј, церемонијата ја нарекла „грозна“. Општа оценка во јавноста е дека церемонијата била премногу „сексистичка“.
„Се извинуваме поради сите непријатности кои ги предизвикавме со церемонијата. Намерата беше да го опфатиме богатството на Милано како престолнина на модата и тенисот. На крајот се имаше горчлив вкус. Длабоко жалиме и ве уверуваме дека нешто слично повеќе нема да се случи“, се наведува во соопштението на АТП.