Квотербекот на Питсбург Стилерс, Мејсон Рудолф на својот Инстаграм профил објави фотографии со познатата канадска тенисерка, Јуџин Бушар.
Парот на тој начин ја објави својата романса, а Рудолф под заедничката фотографија напиша:
„Мојот Валентајн“.
Тој никаде не го споменува името на атрактивната тенисерка, но затоа пак ја „тагна“ на објавата.
Бушар на својот профил нема фотографија со квотербекот, но на фотографии се појавува во истиот црвен костим за капење на кој е фотографирана со момчето.
Според локацијата, парот Денот на вљубените го прославил во Мексико.