Top Sport

Јовиќ е несреќен и во Ајнтрахт, и таму е само резерва!

Враќањето на Лука Јовиќ во Ајнтрахт беше идилично, српскиот напаѓач веднаш почна да дава голови и да влијае на играта, но сето тоа го правеше влегувајќи од клупата за резерви.

Љубителите на фудбалот претпоставија што е причината за тоа, а сега стигна и официјално објаснување од тренерот на екипата, Ади Хитер. Причината е јасна, Андре Силва е прв стрелец на екипата со 18 гола и 2 асистенции до сега, а впрочем тој е и втор стрелец во Бундеслигата во моментов.

„Стилот кој го негуваме е радост за едниот, а патење за другиот напаѓач. Гледам во очите на секој фудбалер што и како прави и што чувствува. Јас сум одговорен за тоа што тимот победува и дава голови. Поради тоа можам да прифатам дека Лука не е воопшто среќен затоа што сака повеќе да игра“ вели тренерот Хитер.

Ајнтрахт Франкфурт игра со еден напаѓач и тоа досега се покажува како добитна комбинација, а Португалецот со своите игри го привлече вниманието на Атлетико Мадрид, Вест Хем и други клубови.

Системот на игра сигурно нема да се менува поради Јовиќ, а нема ниту причина, Ајнтрахр е во серија од 4 победи во низа со што изби на третото место на табелата и тимот има добри изгледи да се бори за пласман во ЛШ наредната сезона.
На Јовиќ останува да е трпелив и да ја чека својата шанса.

Scroll to Top