Top Sport

Австралија му ја откажа визата на Ѓоковиќ, светскиот број 1 ќе биде депортиран!

Австралиската влада потврди дека му ја „откажува“ влезната виза на светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ на крајот на драматичен ден во Мелбурн, во кој Србинот заглави шест часа на аеродромот чекајќи влез за настап на првиот гренд слем од сезоната, кој почнува на 17 јануари.

Федералниот министер за здравство на Австралија, Грег Хант потврди дека на Ѓоковиќ нема да му биде дозволен влез во државата, иако тој претходно доби „медицинска дозвола“ од страна на организаторите на тенискиот турнир да настапи без да се вакцинира на КОВИД-19.

„Господинот Ѓоковиќ не успеа да достави доволно докази за да му биде дозволен влез во Австралија и затоа неговата виза е поништена“, изјави Хант за „Ченел севен“.

Иако Ѓоковиќ има право на жалба, ако таа не му биде усвоена тоа значи дека тој ќе биде депортиран од Австралија.

Ситуацијата со Ѓоковиќ предизвика и политичка криза во Австралија, каде што владата на премиерот Скот Морисон беше под притисок за одлуката да му дозволат влез на Ѓоковиќ да ја брка својата рекордна 21. титула во моменти кога токму Мелбурн ги преживеа можеби најстрогите мерки за корона вирусот.

Scroll to Top