Top Sport

Австралија слави – Барти ја освои титулата во Мелбурн

Ешли Барти ја освои титулата на Австралија опен. Домашната тенисерка за 89 минути ја победи Даниел Колинс со 6/3, 7/6 (7-2). Барти ја освои третата гренд слем титула во кариерата, претходно славеше на Ролан Гарос во 2019 и Вимблдон во 2021 година. Ова е прва титула на домашна тенисерка на АО, по пауза од 44 години.

Барти експресно го доби првиот сет, откако спаси брејк топка во петтиот гем, во шестиот и го одзеде сервисот на противничката. Потоа сигурно ги одигра своите сервис гемови и го доби сетот со 6/3.

Австралијката во вториот сет, волшебно успеа да се врати, по предноста на Колинс од два брејка и водството од 5:1. Американката два пати сервираше за освојување на сетот и не успеа да ги искористи своите шанси.

Тај-брејкот мина во целосна доминација на Барти. Австралијката направи предност од 4:0, потоа и од 6:2 и на крајот ја искористи првата меч топка.

Scroll to Top