Бернард Томич сака да го среди своето несогласување со Ник Кирјос еднаш засекогаш, предизвикувајќи го тенискиот ривал на боксерски меч вреден 2 милиони долари.
По „закачките“ на социјалните мрежи Томич прво го предизвика Кирјос на тениски меч, но откако овој го одби тоа, сега предизвикот е за боксерски ринг.
„Мака ми е од овие зборови. Буквално го исеков овој кловн кога игравме, и сега е време повторно да го исечам. Мора да се разбуди. Единствено е број 1 по големината на устата. Знам дека не сака да игра тенис бидејќи е исплашен, па нека стави ракавици и да го решиме ова како мажи“, вели 29-годишниот Томич, посочувајќи дека облогот би бил на 1 милион долари.
Кирјос во моментов е 76. на АТП листата, додека Томич е далеку зад него на 418. место. И покрај ова Кирјос го одби предизвикот.
„Јас сум уште на турнејата, брату! Имам поголеми риби за фаќање. Ако сакаш да играш со мене и да исправиш нешто, врати се на врвот на тенисот. Јас сум таму“, одговори Кирјос.