Top Sport

Австрија, Германија и Србија во „групата на смртта“ во Девис купот

Шпанија одбраната на титулата во Девис купот, ќе ја започне А-групата, против Русија и Еквадор. Во понеделникот, беше објавено дека фазата по групи и четврт-финалето ќе се игра Мадрид, Инсбрук и Торино, додека полу-финалето и финалето ќе се игра само во Мадрид.

Покрај А-групата, во Мадрид ќе се играат и мечевите во Б-групата, во која се Канада, Казахстан и Шведска.

Во Торино ќе се натпреваруваат Хрватска, Австралија и Унгарија во Д-групата, односно Италија, САД и Колумбија во Ф-групата.

Австрија, Германија и Србија се во Ф-групата во Инсбрук, каде ќе се играат и дуелите во Ц-групата, во која се Франција, Велика Британија и Чешка.

Девис купот на програмата ќе биде од 25.ноември до 5.декември.

Scroll to Top