Top Sport

Шифрин ѝ „врати“ на Влхова во Килингтон (видео)

Микаела Шифрин покажа дека уште е најдобрата специјалистка на слалом на светот, откако на домашната трка во Килингтон, Вермонт по две возења беше дури 1.64 секунди пред словачката скијачка Петра Влхова, која ја победи Шифрин на првиот слалом од сезоната во Леви.

Овојпат, 22-годишната Шифрин стигна до својата неверојатна 32. победа во кариерата, за вистински старт на одбраната на кристалните глобуси во слалом и во генерален пласман. Шифрин оваа сезона оди на петта титула во слалом, откако победи во 2013, 2014, 2015 и 2017 година.

Врсничката на Шифрин, Влхова, успеа да скокне од шестото место по полното со грешки прво возење за да се искачи на второто место, пред австриската специјалистка за технички трки, Бернадете Шилд. Влхова во Леви стигна до третата победа од СК и се очекува да биде најголема ривалка на Американката за трофеите оваа година, но и на Олимпијадата во февруари.

Scroll to Top