Австриската скијачка Кетрин Линсбергер го освои златниот медал во слаломската трка што денеска се возеше на Светското првенство во „Cortinа d’Ampezzo“.
Линсбергер беше најбрза и во двете возење, а до златото дојде со време 1:39.50.
Среброто и припаднана Петра Влхова од Словачка со една секунда побавно возење, додека бронзата оди на градите на Американката Микаела Шифрин кој заостана секунда и 98 стотинки зад победничката.
За 23-годишната Линсбергер ова е трет медал на ова СП откако претходно славеше во паралелен слалом и освои бронза во велеслалом.