Наоми Осака и Викторија Азаренка ќе играат во финалето на женскиот дел од турнирот на Ју-Ес опен. Осака има титулата од овој Гренд слем, додека Азаренка се пласира во своето прво Гренд слем финале по паза од седум години.
Азаренка во полу-финалето ја победи Серена Вилијамс во три сета 1/6, 6/3, 6/3. За белоруската тенисерка пва е прва победа против Серена од 2016 година.
Пласман во финалето во три сета избори и Осака. Јапонката славеше против најголемото изненадување на турнирот Џенифер Брејди со 7/6, 3/6, 6/3. Осака во 2018 година го освои Ју-Ес опен, а во јануари 2019 година славеше и на Австралија опен.