Белоруската тенисерка Викторија Азаренка се пласираше во полуфиналето на Австралија опен откако претпладнево по средноевропско време ја победи Американката Џесика Пегула.
Азаренка во два сета со 6:4, 6:1 33. годишната Вика, славеше против третопласираната на ВТА листата. Азаренка на ВТА листата се наоѓа на 24. место.
Дуелот траеше 99 минути, а се играше под затворениот покрив на арената Род Лејвер во Мелбурн.
Следна противничка на Азаренка ќе биде претставничката на Казахстан Елена Рибакина, победничка на претходниот Вимблдон. Таа претходно ја победи Елена Остапенко во два сета.
Во Австралија, Азаренка се натпреварува за својата трета титула, на овој турнир триумфираше во 2012 и 2013 година.