Top Sport

Азаренка поддржува задолжителни вакцини по „циркузот“ со Ѓоковиќ

Двократната гренд слем шампионка, Белорусинката Викторија Азаренка смета дека тенисерите мора да „веруваат во науката“ и побара воведување на задолжително вакцинирање на тенисерите по „циркузот“ со Новак Ѓоковиќ и одбивањето на неговата виза за влез во Австралија.

Азаренка влезе во третото коло на Австралија опен со рутинска победа над Швајцарката Џил Тајхман, по што поголемиот дел од прес-конференцијата зборуваше за вакцините и Ѓоковиќ. Како членка на Советот на играчи на ВТА турнејата таа вели дека би поддржала задолжителни вакцини.

„Според моето мислење тоа мора да биде така, бидејќи така ќе помогнеме на сите во светот, бидејќи постојано патуваме. Ако сте дома и не патувате, тогаш можете да бидете безбедни, но во нашиот случај вакцината е препорачана и е вистинска одлука. Верувам во науката. Верувам во вакцините и веќе се вакцинирав. Не сакам да наметнувам мислења на другите, но ние играме глобален спорт и мораме да ги почитуваме законите на другите земји. Некои земји бараат задолжително вакцинирање и мора да се почлитува тоа. Ситуацијата со Ѓоковиќ можеше да се спречи ако се реагираше претеходно. На крајот никој не изгледаше добро. Стана вистински циркуз. Затоа треба добро да размислиме за иднината“, вели Азаренка.

Scroll to Top