Top Sport

Азаренка повика на прекин на војната: Украинците се наши браќа

Викторија Азаренка, поранешната најдобра тенисерка во светот, проговори за руската инвазија на Украина. Белорусинката, двократна победничка на Австралија опен, изјави дека е скршена од се што се случува.

„Скршена сум од она што се случува против Украина и во Украина. Срцето боли да се гледа колку невини луѓе се погодени од овој вид насилство“, рече Азаренка, чија земја е близок сојузник на Русија во оваа инвазија.

„Уште од раното детство, ги гледав Украинците и Белорусите како пријателски нации кои меѓусебно се поддржуваат. Тешко ми е да бидам сведок на оваа насилна разделба. Моето срце е со сите оние кои се директно и индиректно погодени од оваа војна. Се надевам на мир и сакам крај на војната“, порача белоруската тенисерка.

Scroll to Top