Top Sport

Азаренка со 6:0/6:0 ја „здроби“ шампионката од Австралија опен

Еден ден откако ја победи Венус Вилијамс во тесен меч, двократната гренд слем шампионка Викторија Азаренка стигна до апсолутно шокантна 6:0/6:0 победа над шампионката од Австралија опен, Американката Софија Кенин во второто коло на Италијанскиот опен во Рим.

Азаренка имаше 10 директни победнички топки и само 4 неизнудени грешки за да го комплетира мечот за само 61 минута. Азаренка освои речиси двојно повеќе од Кенин – 57-29, за своја прва победа над топ 5 тенисерка од 2019 година.

Азаренка, која загуби во финалето на САД опен во Њујорк од Јапонката Наоми Осака, има 13 победи во последните 14 меча и сега ќе игра со руската квалификантка Дарја Касаткина, која со 6:2/6:3 беше подобра од Чехинката Катерина Синијакова.

Scroll to Top