Top Sport

Азербејџан побара од ИТФ да го казни Хачанов

Тениската федерација на Азербејџан бара од Меѓународната тениска федерација (ИТФ) да покрене истрага против Карен Хачанов.

Хачанов по пласманот во полуфиналето на Австралија опен испрати поддршка до Република Арцах, инаку азербејџанската провинција Нагорно-Карабах, која има мнозинско ерменско население и која прогласи независност.

Прогласувањето на независноста предизвика тригодишна војна во раните 90. години од минатиот век, а по две децении под ерменска контрола, Азербејџан одеднаш повторно зазеде големи делови од регионот во 2020 година.

Хачанов, на ТВ камерата напиша „Остани силен Арцах“.

Тој рече дека со ова сакал да им одаде почит на своите ерменски корени.

Тениските власти на Азербејџан веднаш и пишаа на ИТФ, побараа казна за Хачанов за да го спречат на турнирите да прави слични „неприфатливи провокации“.

 

Scroll to Top