Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, рекол дека не може да каже кога и дали воопшто Е-спортовите ќе станат дел од Олимписките игри.
„На Олимписките игри не можеме да имаме Е-спортови, се додека тие промовираат насилство и дискриминација. Не сум сигурен дека воопшто имаат иднина на Игрите, бидејќи не ги промовираат олимписките вредности“, рекол Бах.
Е-спортовите добија прилика на Игрите на Азија во Џакарта да се претстават како нов спорт, а веќе од наредните Игри во Хангжу, играчите би можеле да се натпреваруваат за медали.
„Е-спортовите мораат и да станат вистински спорт за да бидат дел од Олимписките игри“, дополнил Бах.