Top Sport

Бајката на Јастремска заврши во полуфиналето, Женг ќе се бори за титулата на АО

Кинеската тенисерка Чинвен Женг ја победи Украинката Дијана Јастремска со 2:0 во сетови, во полуфиналето на Австралија Опен.

Женг, 13. тенисерка на ВТА листата, за еден час и 40 минути, го доби мечот со 6:4, 6:4.

Женг е втората тенисерка од Кина која ќе се бори за трофејот во Мелбурн. Пред една деценија легендарната Ли На влезе во финалето и ја освои титулата.

Во финалето на првиот Грен слем турнир во сезоната, кинеската тенисерка ќе ги одмери силите со бранителката на трофејот Арина Сабаленка, која малку порано ја совлада Коко Гоф со 2:0.

Јастремска е најпријатното изненадување на турнирот. 93. на ВТА листата, настапот во Мелбурн го започна во квалификациите, успеа да елиминира две поранешни гренс слем шампионки, но во полуфиналето не можеше да ја надигра Женг.

Финалниот меч во женска конкуренција на програмата е во сабота.

Scroll to Top