Top Sport

Бајлс: ФБИ ги забошоти случаите со сексуално злоставување

случаите Една од најдобрите гимнастичарки во историјата, Американката, Симон Бајлс, пред американскиот Сенат, обвини дека ФБИ го забошотиле случајот на сексуално злоставување, на докторот на репрезентацијата Лери Насар.

„Заслужуваме одговори. Впечатокот е дека ФБИ е вклучен во забошотување на случајот, истото важи и за Федерацијата“, рекола Бајлс пред Одброт за правосудство.

Пред одброто покрај Бајлс сведочеле уште три спортистки: Ели Раисман, Мек Кајла Маруни и Меги Николас.

„Виновен е системот што не успеа да не заштити, но најмногу го обвинувам Лери“, рекола Бајлс.

До истрагата во Сенатот дошло откако главниот инспектор во Министерството за правда, Мајкл Хоровиц, во јули, во својот извештај ги осудил активностите на ФБИ. Хоровиц, го нотирал неуспехот на ФБИ во истрагата против сексуалните злоставувања на спортистите.

Наредната среда ќе сведочат Хоровиц и директорот на ФБИ, Крис Вреј.

За потсетување, поранешниот докторор Лери Насар, доби доживотна казна затвор, за сексуално злоставување на повеќе од 150 жени.

Scroll to Top