Top Sport

Балажевска-Еминова победи во својата група, но не се пласира во полу-финалето

Миа Блажевска-Еминова денес настапи во квалификациите на 100 метри слободно на Олимписките игри во Токио.

Блажевска-Еминова, настапи во втората квалифиакциска група. Во конкуренција на седум други натпреварувачки таа го освои првото место со резултат 57.19 секунди. Овој резултат е за шест стотинки послаб од личниот рекорд на македонската репрезентативка.

Иако победи во својата група Блажевска-Еминова не успеа да се пласира во полу-финалето.  Блажевска-Емиинова во конкуренција на 52 натпреварувачки го освои 40.место.

Scroll to Top