Top Sport

Банкротираше скијачката Ју-легенда, Бојан Крижај

Легендарниот словенечки скијаш Бојан Крижај (64) банкротирал. Спортистот кој во екс-Југославија бил популарен „од Вардар до Триглав“ испиша историја на слаломот во Венген, во 1980 година кога го донесе првиот златна медал во поранешната држава.

Актуелните информации се дека Крижај морал да ја продаде куќата затоа што должел 1,7 милиони евра.

Куќата на Словенецот близу до границата со Австрија е над 700 метри квадратни на парцела од речиси 20.000 квадрати Се работи за луксузна вила со базен, тениски терен, а почетната цена и била 1 милион евра.

Кариерата на Крижај траеше 12 години, беше многу успешен на спортско поле, што не може да се каже и за по завршувањето со спортот.

Увезувал австриско пиво во Словенија, му пропаднала и фирма во Хрватска, не му одело добро ни со сточартсвото, па банкротот бил неминовен.

Scroll to Top