Top Sport

Барега го изненади фаворитот Чептеги, победи на 10.000 метри

Селемон Барега го освои првиот златен медал во атлетика на Олимписките игри во Токио. Атлетичарот од Етиопија победи на трката на 10.000 метри.

Барега, на тронот го наследи Мо Фарах, кој победи во оваа дисциплина на Игрите во Лондон и Рио де Жанеиро. Фарах не успеа да ја исполни олимписката норма.

Барега, со резултат 27:43.22 минути, победи пред атлетичарите од Уганда, Џошуа Чептеги (27:43.63) и Џејкоб Чимплинго.

Scroll to Top