Top Sport

Баршим скокна највисоко, крај на златната низа на Перковиќ, луд финиш на стиплчезот (видео)

Мутаз Еса Баршим го донесе првото злато за Катар на осмиот ден од Светското првенство во оваа азиска земја, откако доминираше во скокот со далечина, победувајќи двајца Руси на патот до златото.

Баршим пропушти цела сезона поради повредата на скочниот зглоб во 2018 година во обид да го сруши вечнниот рекорд на Хавиер Сотомајор (2.45 метри), но по операцијата се врати уште посилен.

Тој успеа да стигне до златото со височина од 2.37, додека на двајцата Руси (кои настапуваа под неутрално знаме), Михаил Акименко и Иља Ивањук им беше потребен личен рекорд од 2.35 за да го освојат среброто, односно бронзата.

Ако Баршим ја продолжи победничката низа на големите натпреварувања, Хрватката Сандра Перковиќ не успеа во тоа, откако мораше да се задоволи со бронза во фрлањето диск, прекинувајќи ја златната низа која траеше од 2015 година.

Нова светска шампионка е Кубанката Јаиме Перез со далечина од 69.17 метри, додека среброто го освои уште една Кубанка, Денија Кабалјеро со 66.84, а Перковиќ се задоволи со скромни 66.72 метри, поставени во првата серија.

Во трката на 400 метри, Стивен Гардинер од Бахамите постави личен рекорд од 43.48 за изненадувачки да стигне до златото пред Колумбиецот Антони Хозе Замбрано, додека фаворизираниот Американец, Фред Керли заврши со бронзата.

Во фантастичната вечер во Доха, најлуда завршница донесе трката на 3.000 метри стиплчез, каде што обично победникот се знае пред последниот круг. Кениецот Консеслус Кипруто ја одбрани светската титула во неверојатен спринтерски финиш со Етиопјанецот Ламеча Гирма, кому му недостасуваа милиметри за да стане светски шампион.

СП КАТАР 2019

400 МЕТРИ (М)

1.Стивен Гардинер (Бах) 43.48

2.Антони Хозе Замбрано (Кол) 44.15

3.Фред Керли (САД) 44.17

СКОК ВО ВИСОЧИНА (М)

1.Мутаз Еса Баршим (Кат) 2.37 м

2.Михаил Акименко (Рус) 2.35 м

3.Иља Ивањук (Рус) 2.35 м

ФРЛАЊЕ ДИСК (Ж)

1.Јаиме Перез (Куб) 69.17 м

2.Денија Кабалјеро (Куб) 68.44 м

3.Сандра Перковиќ (Хрв) 66.72 м

3.000 МЕТРИ СТИПЛЧЕЗ (М)

1.Консеслус Кипруто (Кен) 8:01.36

2.Ламеча Гирма (Ети) 8:01.36

3.Суфијан Ел Бакали (Мар) 8:03.76

Scroll to Top