Top Sport

Барти е тенисерка на годината – Крејчикова доби две, а Радукану едно признание!

Женската тениска асоцијација (ВТА) ја прогласи Ешли Барти (Австралија) за најдобра тенисерка за 2021 година.

Ова е вторпат Австралијката да го добие ова признание. Оваа сезона таа освои 5 турнири, најголемиот секако е Вимблдон, а трета година во низа таа завршува на лидерската позиција на ВТА ранг листата.

Награда за најдобар дубл освоија Барбора Крејчикова и Катерина Сињакова кои освоија злато на Олимписките игни, но и на Ролан Гарос, а најдобри беа и на финалсниот турнир на ВТА.

Крејчикова ја доби и наградата за тенисерка која најмногу напредувала затоа што годинава го освои својот прв грен слем во сингл, на Ролан Гарос.

„Новитет на годината“ е Ема Радукану (Романија) која изненадувачки го подигна пехарот на САД опен, а до таму стигна како квалификантка.

Scroll to Top