Ешли Барти, експресно избори пласман во полу-финалето на Австралија опен. Најдобрата во светот за 60 минути ја декласира Американката Џесика Пегула.
Неизвесност на мечот имаше само во првите пет гем. Пегула се држеше до резултатот 3:2, потоа Барти го крена нивото на својата игра освои девет гема во низа и со 6/2, 6/0 се пласираше во полу-финалето.
Барти го потврди својот досегашен најдобар резултат на домашниот гренд-слем. Претходно полу-финале играше и во 2020 година.
Ешли Барти има две гренд- титули, во Париз во 2019 година и лани во Вимблдон.
Австралијката за пласман во финалето ќе се бори со Медисон Киз, која со 6/3, 6/2 ја порази шампионката од Ролан Гарос, Барбира Крејчикова.