Австралијката Ешли Барти со 6:3/3:6/6:4 ја совлада Британката Џоана Конта за да ја освои титулата од подготвителниот турнир за Вимблдон во Нотингем, по што поразената тенисерка одби да се ракува со судијката на столче.
Британската тенисерка број 1, Конта се врати од сет негатива против Австралијката, а во последниот сет губеше со 4:1 пред да дојде до 4:4, по што дојде контроверзниот момент и Барти поведе со 5:4.
„Вистинска шега. Правиш одлуки кои влијаат на нашиот живот. Дали го сфаќаш тоа?“, врескаше Британката.
Австралијката го искористи моментот и стигна до победа, по што Конта одби да се ракува со судијката на столче и излезе надвор од теренот пред организаторите да ја вратат на победничката церемонија.
‘No – you listen to me now!’ ?@JohannaKonta was fuming with the umpire during her loss in the #NatureValleyOpen final ? pic.twitter.com/jZHCnn79C6
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) June 17, 2018
No handshake from umpire from Konta and has now left court #NatureValleyOpen pic.twitter.com/QwyQZGyuSz
— Red Hall (@RedHerculesHall) June 17, 2018