Top Sport

Барти лесно до петтата титула во 2021!

Светската тенисерка број 1, Австралијката Ешли Барти се „загреа“ за САД опен со титулата од Синсинати опен, откако со 6:3/6:1 ја декласираше Швајцарката Џил Тајхман во финалето.

25-годишната Австралијка имаше 8 аса и 28 директни победнички топки за победа над 24-годишната Тајхман и петта титула оваа сезона, по што влегува како фаворит на Флешинг Медоуз по титулата на Вимблдон.

76-рангираната Тајхман стигна до финалето со три победи над топ 12 тенисерки (Наоми Осака, Каролина Плишкова и Белинда Бенчич), но едноставно немаше шанси против Барти, која ја презеде контролата во средината на првиот сет, по што во вториот ги освои првите пет гема.

„Патот е прекрасен, а најзаслужен е мојот тим, со кого патувам веќе шест месеци и секој ден е подобар“, изјави Барти.

Scroll to Top