Австралијката Ешли Барти и Летонката Анастасија Севастова обезбедија место во полуфиналето на ВТА Елит трофејот во Жухаи без да загубат сет во натпреварите по групи.
Барти, која со своите 21 година е најмладата тенисерка на турнирот за најдобрите 20 тенисерки кои не играа на ВТА финалето, со 6:3/6:4 ја „збриша“ поранешната светска тенисерка број 1, Германката Анџелике Кербер за 2-0 скор во „роза групата“. Таа имаше 35 директни победнички топки и направи само 12 неизнудени грешки.
„Беше тешко бидејќи претходно ги немав победено овие девојки. Убаво е да се пласираш во полуфиналето на вака голем турнир“, вели Барти, која ја совлада Анастасија Пављученкова во првиот меч во групата.
Севастова, која исто така дебитира на турнирот, со 6:3/6:4 ја победи Чехинката Барбора Стрицова, враќајќи се од 2:0 негатива во првиот сет.
„Ова е мојот најдобар азиски турнир оваа година и чувството е фантастично“, вели Севастова.
Американката Коко Вандевеге е третата полуфиналистка, откако со 6:3/6:2 ја совлада Русинката Елена Веснина.