Top Sport

Барти сигурно до четврт-финале, Монфис го елиминираше Кецмановиќ

Светската тенисерка број 1, Ешли Барти го помина најтешкио тест досега за да се пласира во четврт-финалето на Австралија опен, губејќи првпат на свој сервис на турнорот, пред со 6:4/6:3 да ја совлада Американката Аманда Анисимова за час и 14 минути.

Барти, 25-годишната шампионка од Вимблдон е првата Австралијка која две години во низа стигнува до четврт-финалето на домашниот гренд слем по Венди Турнбул во 1984 година. Анисимова беше  непоразена во 9 меча откако го ангажираше Дарен Кејхил како тренер и ја елиминираше актуелната шампионка Наоми Осака во третото коло.

„Беше убаво да се одигра цврсто од почеток и да се освојат важните поени без проблем. Аманда ќе биде голема тенисерка бидејќи не се предава поен по поен“, вели Барти, која сега ќе игра со уште една Американка, Џесика Пегјула во четврт-финалето.

По хаосот со Новак Ѓоковиќ, Србија го загуби и вториот претставник, Миомир Кецмановиќ, кој со 7:5/7:6(4)/6:3 беше поразен од францускиот ветеран Гаел Монфис, кој уште нема загубено сет во Австралија. Французинот сега ќе игра со подобриот од дуелот Матео Беретини-Пабло Карењо Буста.

Scroll to Top