Енди Мареј, својот последен настап во кариерата на Австралија опен го заврши во првото коло. Британецот по голема борба беше поразен од Роберто Баутиста-Агут со 2:3 ( 4/6, 4/6, 7/6, 7/6, 2/6). Мареј потоа во солзи го замина од централниот терен.
Мареј приреди вистински спектакл за 9.000 публика, откако успеа да се врати во мечот по негативата од два сета.
Британецот добро сервираше во првите два сета, имаше осум ас сервиси во овој дел од мечот, меѓутоа се мачеше со движењето, особено кога требаше да се намести на форхенд.
Имаше и лоша реализација на вториот сервис, освои само 46 отсто од поените, што му овозможи на Баутиста-Агут, со по еден брејк во првиот и вториот сет да стигне до водство од 0:2.
Делијум на трибините настана кога Мареј во третиот сет направи брејк, потоа сервираше за намалување на резултатот на 1:2, во десетиот гем, но Шпанецот му го одзеде сервисот и израмни на 5:5. Сепак во тај-брејкот Британецот ја имаше контролата и по 75 минути игра го освои третиот сет.
Големата борба, без шанси за брејк, продолжи и во четвртиот сет, кој повторно го освои Мареј со што израмни на 2:2.
Сепак, Мареј немаше сили за целосен пресврт. Баутиста-Агут не подлегна на притисокот што го создаде публиката и со два брејка рутински го реши петтиот сет.