Шпанецот Роберто Баутиста Агут по вторпат ја освои титулата од Оукленд класик на Нов Зеланд со тешка 6:1/4:6/7:5 победа над вториот носител, Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро.
Петтиот носител, кој ја освои титулата во 2016, но не можеше да ја брани минатата година поради болест, го освои првиот сет за 31 минута со три брејка и одлична игра на форхенд. Вториот сет остана на сервис до 10-тиот гем, кога Дел Потро направи брејк и примора одлучувачки сет, во кој двајцата немаа многу шанси за брејк, пред Шпанецот да поведе со 6:5.
Двајцата сега можат да се концентрираат на Австралија опен во Мелбурн од понеделник, каде што Баутиста почнува со сонародникот Фернандо Вердаско, додека Дел Потро игра со младиот Американец, Френсис Тиафоу.
Roberto Bautista Agut def. Juan Martin Del Potro 6-1 4-6 7-5 to win his 2nd career Auckland title, 7th title of career #SportsTalkNZ #ASBClassic? #AucklandNZ pic.twitter.com/piuV6p1tEO
— SportsTalkNZ (@NZ_SportsTalk) January 13, 2018