Top Sport

Бедене со „студен туш“ за фаворитот Циципас во Ротердам

Дуелот со грчкиот тенисер Стефанос Циципас, кој моментно е шести на АТП листата, засекогаш ќе остане во сеќавањето на словенечкиот тенисер, Алјаж Бедене.

По првпат во кариерата, 31-годишниот Словенец, кој моментно е 52-ри на АТП листата успева да совлада тенисер кој е во Топ 10.

Подвигот на Бедена над Циципас се случи во осминафиналето на турнирот од серија 500 во холандски Ротердам. Беше 2-0 во сетови за Бедене, за 92 минути игра, по сетови 7-5 и 6-4.

Во првиот сет се играше нерешено се до 5-5, по што Бедене со еден брејк стигна до 1-0 во сетови.

Во вториот сет Гркот го загуби третиот гем, по што до крајот Словенецот го трасираше патот до победата.

Следен противник на Бедене ќе му е Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим, кој е 21-ви на АТП.

Scroll to Top