Top Sport

Размена на релација Интер – Реал, Модриќ за Шкрињар!?

Реал Мадрид и Интер се подготвени за размена на играчи, пишуваат шпанските медиуми.

Информациите се дека Кралскиот клуб и „Нероазурите“ планираат да направат договор со кој хрватскиот интернационалец, Лука Модриќ ќе отиде во Милано, а во спротивен правец, на „Сантијаго Бернабеу“ ќе дојде стоперот Милан Шкрињар.

Словачкиот дефанзивец веќе неколку сезони важи за еден од најдобрите играчи на својата позиција, неодамна наполни 25 години и се чини дека е вистински момент за чекор напред во кариерата.

Информациите велат дека Словакот иако со својот тим е во игра за титула во Серија А, сепак без размислување би отишол во четата на Зинедин Зидан.

Од друга страна, Модриќ неколкупати во последните месеци се споменуваше како можно засилување на Интер, уште повеќе ако се знае дека Хрватот ја игра последната година од договорот со Кралскиот клуб.

Scroll to Top