Шесткратниот гренд слем шампион, Борис Бекер вели дека би сакал да ги врати сите долгови до крајот на годината, откако банкротираше во Велика Британија во јули 2017 година, а неодамна банката „Арбатнот Латем“ се повлече од постапката.
„Се борам оваа процедура да биде поништена, да бидам третиран како банкротот да не се случил. Англиската приватна банка е задоволна, откако претходно не сакаше да ја смета мојата вила на Мајорка во моите поседи“, вели Бекер.
Бекер должеше повеќе од 55 милиони евра на 15 кредитори, вклучувајќи 38 милиони евра на неговиот поранешен бизнис-партнер Ханс-Дитер Клевен. Бекер ги отфрла овие барања и најави тужби против нив.
„Во Швајцарија поднесов тужба за да се утврди дека овие тврдења се неоправдани. На господинот Клевен му се потребни овие оговори само за да не има проблеми со германските даночници. Јас не ги добив тие пари и таа позиција не ме интересира. Јас сум задоволен што процедурата сопира и сега кога ќе ги отплатам долговите, повторно ќе сум слободен“, додава Бекер.