Top Sport

Бекер: Кирјос може да го освои Вимблдон

Прославениот германски тенисер, Борис Бекер, говорел за контроверзниот Австралиец, Ник Кирјос.

Бекер и Кирјос, минатата година често „војуваа“ на социјалните мрежи, но тоа не го спречи Германецот, да ја пофали играта што ја демонстрираше на Австралиецот во Мелбурн.

На Австралија опен, и покрај водството од 2:0, Кирјос испадна во третото коло од Домик Тим.

„Имавме несогласувања во минатото, но морам да признам дека сум импресиониран од ставот што го покажа на теренот. Мечот против Тим беше еден од најдобрите на турнирот. И понатаму сметам дека има се што е потребно барем еднаш да го освои Вимблдон. Со таков сервис и со толку силни удари…Се зависи од него“, рекол Бекер.

Најдалеку на Гренд слем турнирите Кирјос стигнал до четврт-финалето, во Вилблдон во 2014 и Австралија опен во 2015 година.

Scroll to Top