Top Sport

Бекер: Не знам зошто Федерер и Надал не се пензионираат

Германската тениска легенда, Борис Бекер смета дека Рафаел Надал и Роџер Федерер треба сериозно да размислат за заминување во пензија, бидејќи не е сигурен дека е возможно да направат нов камбек на највисоко ниво.

Во моментов имаме необична ситуација во која Федерер, Надал и Новак Ѓоковиќ имаат рекордни 20 гренд слем титули, но додека Србинот останува број 1 во светот на тенисот, Федерер и Надал последните неколку години се мачат со посериозни повреди.

Федерер има проблеми со коленото, за кое беше на трета операција по Вимблдон оваа година и потврди дека нема да игра на Австралија опен и би бил изненаден да стигне во форма за Вимблдон. Надал, пак, се повреди во Вашингтон во август, кога му се врати поредата на стапалото, по што се врати на тенисот на егзибицискиот тунрир во Абу Даби, каде што загуби од Енди Мареј и Денис Шаповалов и изјави дека не е сигурен дали ќе оди во Мелбурн.

Шесткратниот гренд слем шампион Бекер вели дека е време за тешки одлуки.

„Мислам дека тие две легенди на светскиот тенис мораат сериозно да размислат до кога треба да се нарекуваат професионални тенисери. Со Рафа ќе биде полесно отколку со Роџер. Федерер нема поголем фан од мене , но не сум сигурен дали е возможно да се вратиш по операција на коленото и на 41 година“, вели Бекер.

Scroll to Top