Top Sport

Бекер: Новак никогаш нема да го сакаат како Федерер и Надал

Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, легендата на германскиот тенис, Борис Бекер вели дека на новокрунисаниот шампион од Вимблдон му пречи односот на јавноста кон него, и тоа што навивачите не покажуваат љубов како кон ривалите Роџер Федерер и Рафаел Надал.

„Новак можеби е претставен како многу студен човек, но се работи за добра душа. Семејството е темелот на неговата личност. Дали добива исто почитување како Федерер и Надал? Најверојатно не, и нема да добива. Сите ги сакаме Роџер и Рафа, но изгледа дека само го ’почитуваме’ Ѓоковиќ. Тоа му пречи многу, бидејќи тој сака да биде на исто нив, но тоа не се купува. Мора да го прифати тоа и да оди понатаму“, вели Бекер, кој работеше со Ѓоковиќ од 2014 до 2016, период во кој Србинот освои шест гренд слем титули.

Бекер вели дека е пресреќен што по двегодишна пауза, Ѓоковиќ го освои Вимблдон за своја 13. гренд слем титула.

„Мислам дека ниту самиот не очекуваше титула на Вимблдон бидејќи во последно време не мислеше многу на победите. Дури на Квинс, кога стигна до финалето, почна да верува во себе“, додава Бекер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top