Top Sport

Ловрен: Франција не игра фудбал, чека грешка на противникот

Франција е новиот светски шампион, ставајќи втора ѕвезда на својот дрес по 4:2 победата над Хрватска во вчерашното финале на СП во Москва, комплетирајќи доминантен турнир на кој претходно ги елиминираа и Аргентина, Уругвај и Белгија.

Сепак, и покрај ова, нема малку критичари за стилот на игра на несомнено талентираниот француски тим.

По тесната победа од 1:0 над Белгија во полуфиналето, голманот Тибо Куртоа ги обвини Французите дека играат „анти-фудбал“, додека Еден Азар изјави дека повеќе сака да загуби со „ваква“ Белгија отколку да победи со „таква“ Франција.

По финалето, и дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен се приклучи кон критичарите, велејќи дека Хрватска е подобриот тим, додека Франција воопшто не се обидувала да игра фудбал.

„Тие беа подобри денеска и на целиот турнир. Меѓутоа, не играа фудбал. Чекаа своја шанса и грешка на противникот. Имаат една тактика и тоа мораме да го почитуваме. Сите натпревари на Мундијалот ги одиграа така. Ние игравме многу подобар фудбал од нив“, изјави Ловрен.

И Лука Модриќ сметаше дека неговата репрезентација играла подобро во финалето, меѓутоа не влезе во директна критика на начинот на игра на Француизте.

„Немавме среќа. Игравме добро и бевме подобар тим, но понекогаш подобрите тимови не победуваат“, смета Модриќ.

Азар: Подобро пораз со Белгија, отколку победа со Франција

Гризман: Куртоа мисли дека Челси игра како Барселона

Scroll to Top