Поранешниот германски тенисер Борис Бекер зборуваше за трката за најдобар играч на сите времиња, во која главните улоги ги играат Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Бекер нема сомнение дека Новак Ѓоковиќ заслужува да биде наречен „ГОАТ“.
„Тој заслужува почит. Отсекогаш го заслужувал тоа. Ако игра уште една или две години, ќе стане најпопуларниот тенисер на сите времиња. Бидејќи колку подолго игра, луѓето ќе разберат што всушност е Новак“, рече Бекер и додаде:
„Новак Ѓоковиќ е најдобриот во историјата, тоа е очигледно.“
Бекер беше тренер на Новак Ѓоковиќ во еден период, од декември 2013 до истиот месец 2016 година.
