Top Sport

Бекер откри зошто повеќе не го тренира Ѓоковиќ

Легендарниот германски тенисер, Борис Бекер, открил зошто престанал да му биде тренер на Новак Ѓоковиќ.

Србинот и Германецот имаа исклучително успешна тригодишна соработка. Во овој период Ѓоковиќ доминира во светскиот тенис, освои шест гренд слем титули, а сѐ кулминира со победата на „Ролан Гарос“ во 2016 година кога Ѓоковиќ ги освои четири гренд слема во низа.

Соработката Бекер и Ѓоковиќ ја започнаа во 2013 година.

„Бев во Јоханесбург кога ме повика менаџерот на Новак и ме праша дали сум заинтересиран да бидам негов тренер. Го прашав зошто бидејќи е тој втор на АТП-листата, а неговиот менаџер ми рече дека тоа е проблемот“, рекол Германецот.

Соработката овие двајца ја завршија во 2016 година кога Новак Ѓоковиќ го загуби првото место на АТП-листата. Бекер открил зошто повеќе не сакал да го тренира и кој е клучот за успех во професионалниот тенис.

„Тенисот мора да биде на првото, а семејството на второто место. Така оди тоа. Во спротивно можеме да останеме пријатели, но нема да бидам твој тренер“.

Формата на Ѓоковиќ оди по надолна линија токму од триумфот на „Ролан Гарос“ во 2016 година, а оваа година сезоната ја заврши по Вимблдон поради повреда на лакотот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top