Top Sport

Бекер се откажа од „дипломатскиот имунитет“, трофеите одат на аукција

Германската тениска легенда Борис Бекер се откажа од тврдењето дека има дипломатски имунитет во случајот за банкрот кој се води во Велика Британија, што значи дека трофеите кои ги освои во кариерата ќе одат на аукција.

Трикратниот шампион од Вимблдон тврдеше дека бидејќи Централноафриканската Република го прогласи за културен амбасадор има заштита од сите легални случаи, но сега се откажа од тоа тврдење и барањето на парите на банката „Арбутнот Латам“ продолжува, што значи дека аукцијата на трофеите ќе продолжи.

На продажба има трофеи во вредност од 200.000 фунти, и во нив се вклучува дипломата за олимпиското злато во двојки кое го освои со Михаел Штих во 1992 година во Барселона и дел од неговата спортска опрема.

Бекер постојано тврди дека има средства да го покрие барањето на банката, и дека средствата му се во други земји. Бекер стана првиот Германец со титулата од Вимблдон во 1985 година на 17 години, а повторно триумфираше и во 1986 и 1989 година. Во кариерата тој освои 64 АТП титули.

Дипломатскиот пасош на Борис Бекер е лажен?

Scroll to Top