Top Sport

Бекер: Во затвор сте никој и ништо, не бев Борис туку само број

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер кој минатиот четврток беше пуштен од затворот во Британија и екстрадиран во Германија во ексклузивно интервју вели дека во затворот бил само број и дека за време на престојот зад решетки научил тешка лекција. Бекер беше осум месеци во затвор за затајување данок.

„Во затворот сте никој и ништо. Само бројка. Мојот број беше A2923EV. Моето име не беше Борис, јас бев број. Никој не се грижеше кој сум јас“, изјави Бекер, кој наводно добил околу 435.000 фунти за интервјуто.

Германецот ги опиша деталите во пресрет на излегувањето од затвор.

„Седев на работ од креветот од шест часот наутро и се надевав дека вратата ќе се отвори. Дојдоа во осум и пол, ја отклучија вратата и ме прашаа дали сум подготвен. Реков, ајде да одиме. Веќе се спакував “, изјави легендарниот германски тренер и тенисер.

Во април оваа година Бекер беше осуден во Лондон на 30 месеци затвор за криење на имотот за да избегне плаќање долгови.

„Повторно ја открив личноста што сум. Научив тешка лекција. Беше скапо и болно. Некои работи се случуваат со причина”, рекол Бекер.

Германецот во кариерата освои 49 титули во сингл, вклучувајќи и шест гренслем трофеи.

Scroll to Top