Ждрепката за одредување на групите за завршниот машки тениски турнир, АТП финалето во Лондон беше одложено додека се чекаше доаѓањето на Борис Бекер, кој заглави во сообраќаен метеж.
Германецот требаше да ја води ждрепката на „ББЦ радио 2“ во 9:15 часот, но откако налета на затворена улица во Лондон.
„Кога ќе дојде Борис ќе продолжиме со ждрепката. За жал, улицата по која доаѓаше беше затворена за некои поправки“, изјави радио-водителот, Крис Еванс.
The #NittoATPFinals singles draw is complete ?
Get Tickets: https://t.co/40t0DnDpaU pic.twitter.com/V0ma7Rrlj7
— ATP World Tour (@ATPWorldTour) November 8, 2017
Кога ждрепката конечно се одржа, светскиот број 1 Рафаел Надал беше извлечен во групата „Пит Сампрас“ со Австриецот Доминик Тим, Бугаринот Григор Димитров и Белгиецот Давид Гофан. Роџер Федерер во групата која го носи името на Бекер, ќе игра со Германецот Александер Зверев, Хрватот Марин Чилиќ и Американецот Џек Сок.
Најдобрите двајца во групите се пласираат во полуфиналето. Турнирот во „О2 арената“ во Лондон почнува на 12 ноември.