Швајцарската тенисерка Белинда Бенчич се врати од сет негатива за да ја спречи домашната тенисерка Анастасија Пављученкова да стигне до титулата од Кремљ купот, победувајќи со 3:6/6:1/6:1.
Победата доаѓа откако 22-годишната Бенчич веќе го заработи местото на ВТА финалето во Шенжен, каде што ќе играат најдобрите осум тенисерки во 2019, турнир кој има награден фонд од фантастични 14 милиони долари.
Ова е првпат Бенчич да влезе на елитниот турнир, каде што ќе игра покрај Ешли Барти, Каролина Плишкова, Симона Халеп, Бјанка Андреску, Наоми Осака, Петра Квитова и Елина Свитолина. Покрај оваа титула, Швајцарката оваа сезона победи и на Дубаи опен, а играше и во финалето на Мајорка опен.